Во КИЦ – Загреб настапија пијанистките Ана Гацова и Ана Гаштаровска

од admin_kult

Со дела од македонски композитори, како  и со пијанистички композиции од великаните на светската музика, во неделата (17 ноември) во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб настапи пијано-дуетот „SOMNIUM“ што го сочинуваат пијанистките Ана Гацова и Ана Гаштаровска.

Од КИЦ – Загреб информираат дека пијано-дуетот презентираше дела од различни музички стилови и преку зрелата, цврста и специфично обмислена интерпретација успеа да го привлече вниманието на заинтересираната загрепска публика. 

Директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска-Илиевска, во своето обраќање истакна дека концептот на концертот на Гацова и Гаштаровска, во кој се преплетува актуелната македонска пијанистичка продукција со делата на великаните на музичката историја, даде специфична свежина на настанот и ја покажа и ја потврди вредноста на нашата македонска современа пијанистичка продукција и интерпретација.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе