Во КИЦ во Истанбул пијано-концерт „Повторна средба“

од admin_kult

Вечер во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, истакнатите македонски пијанисти Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски ќе одржат пијано-концерт со наслов „Повторна средба“. На програмата се дела од Григ, Јанкоски, Сен-Санс, Леон и Коларовски, нудејќи разновиден и возбудлив избор на класични композиции.

Татјана Џорлева и Ангеле Михајловски се добитници на многубројни награди и признанија од областа на класичната музика, како и промотори на современата македонска музика, а денес работат како редовни професори по пијано, камерна музика и методика на наставата по пијано на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе