Во КИЦ во Загреб филмска вечер посветена на македонската концептуална уметница Јана Луловска

од admin_kult

Во КИЦ во Загреб, во рамките на филмската вечер посветена на македонската концептуална уметница Јана Луловска, беше претставен дел од творештвото на Луловска. Беа прикажани неколку нејзини експериментални филмови преку кои публиката директно се запозна со клучните елементи на нејзината специфична естетско-визуелна концепција.

Директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, во воведното обраќање истакна: ,,Луловска е уметник во чија поетика се преплетуваат повеќе комуникациски и уметнички медиуми. Тие медуими, колку навидум да се слични, сепак имаат свој спечифичен јазик. Луловска го знае тоа и вешто го користи, со што создава еден впечатлив еклектички израз преку кој допира до нишките на нашето културно наследство, богатата традиција и, пред сè, до нашиот менталитет. Во нејзините филмови уметноста се сфаќа синкретички и таа, уметноста, се гледа како безграничен простор низ кој провејува слободата на мислата, создавањето и дејствувањето“.

Воедно, во рамките на филмската вечер беше претставена и книгата „Градот и идентитетот“ од Елена Копртла.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе