Во КИЦ во Загреб се одржа концерт на млади уметници  

од admin_kult

Во саботата (26 октомври) во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Загреб се одржа концертот „Музичка ноќ во Загреб“ на кој за првпат пред загрепската публика се претставија талентираните и перспективни уметници Исмет Вејсели, Алба Зекири и Шкељзен Бафтиари. Младите уметници имаа подготвено ексклузивна програма со композиции од познати автори, кои претходно ги изведувале во различни градови.  

Директорката на Културно-информативниот центар, Мими Ѓоргоска-Илиевска, во присуство на македонскиот амбасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, пред почетокот на концертот истакна дека очекува незаборавно музичко доживување, преку кое публиката ќе ги запознае овие талентирани и перспективни уметници, кои се школувале во класите на едни од најголемите културни амбасадори на Македонија, како што се македонската оперска дива, Ана Дурловски, и македонскиот пијанист, маестро Симон Трпчески.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе