Во КИЦ во Загреб се одржа концерт на камерниот дует Нинослав Димов, саксофон и Маја Поповиќ, пијано

од admin_kult

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во петокот загрепската публика имаше исклучителна можност да го проследи концертот на камерниот дует Нинослав Димов, саксофон и Маја Поповиќ, пијано. Концертот на дуетот Поповиќ–Димов опфати широк спектар на дела со различни стилски и жанровски специфики. 

Пред концертот се обрати директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која истакна дека дуетот Поповиќ–Димов, како резултат на долгогодишното заедничко музицирање, има постигнато атрактивен баланс во сите аспекти на изведбата и дека станува збор за успешни и потврдени уметници кои драматичноста на изведбата лесно ја пренесуваат кон публиката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе