„Волшебна музика“ – концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“

од admin_kult

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер во камерната сала на Филхармонијата со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт со наслов „Волшебна музика“. Како солист со Камерниот оркестар ќе настапи пијанистката Марија Ѓошевска, а диригент ќе биде Бисера Чадловска.

На концертот ќе бидат изведени дела од Перголези, Моцарт, Барбер, Илин и Шостакович.

Камерниот оркестар „Скопски солисти“ се појави на македонската музичка сцена во 2000 година. Оваа благородна и убава идеја, по примерот на загрепскиот, софискиот и други слични оркестри на Балканот, ја реализираше нашиот реномиран обоист, професор м-р Васил Атанасов, кој е и уметнички раководител на ансамблот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе