Изданието „Водич и прирачник за оцена на влијанието во контекст на светското наследство“, објавено во 2022 година, е преведено на македонски јазик од страна на: Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија; Центарот за светско наследство на УНЕСКО; Меѓународниот центар за изучување на заштитата и реставрацијата на културното наследство (ИКРОМ); Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) и Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН), со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Целта на Водичот е да се обезбедат насоки за оцена на влијанието во контекст на светското природно и културно наследство и поттикнува меѓусекторска, мултидисциплинарна соработка со цел да се идентификуваат решенија за заштита на добрата кои се светско наследство. Водичот служи и како ресурс за градење на капацитетите за подигнување на свеста за управувањето со светското наследство на сите нивоa, почнувајќи од државите членки на Конвенцијата за светско наследство, менаџерите за наследство, носителите на одлуки, планерите и инвеститорите.
Водичот е достапен на дел од официјалните јазици на УНЕСКО (англиски, француски и арапски јазик) и освен на македонски јазик, преведен е и на јапонски јазик и е достапен на: https://whc.unesco.org/en/guidance-toolkit-impact-assessments/