Водич за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година објавени од Министерството за култура и туризам

од admin_kult

Водич за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година објавени од Министерството за култура и туризам

Министерството за култура и туризам на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата на Република Северна Македонија.
И оваа година електронското пријавување целосно се спроведува преку Националниот портал за е-услуги.
Потсетуваме дека конкурсите се во тек, а рокот за аплицирање на Годишните конкурси истекува на 31.10.2024 во 15:30 часот.
За таа цел, како потсетник за аплицирањето и за олеснување на постапката за електронско пријавување, Министерството за култура и туризам го подготви овој водич кој на граѓаните ќе им ја олесни постапката со објаснување на чекорите за полесно електронски да се пријават во системот.   
Постапката (чекорите) за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделени области и активности од културата за 2025 година од Министерството за култура и туризам е следнава:
1.      Преку линкот „Најави се“ пристапувате до Системот за единствена најава (СЕН) https://uslugi.gov.mk
2.     За да поднесете апликација на Годишните конкурси, потребно да имате ниско ниво на профилот. Доколку вашиот профил е основно ниво, треба да го надградите на следниве начини: со физичко присуство на шалтерите и во канцелариите низ Р Северна Македонија или по електронски пат со сертификат. Повеќе информации за шалтерите и канцелариите каде што може да го надградите вашиот профил има на следниов линк: https://etu.uslugi.gov.mk/pages/home
3. Откако ќе го надградите корисничкиот профил, ќе можете непречено да се најавите на Националниот портал https://uslugi.gov.mk.
4.      Следен чекор е одбирање на опцијата Годишни конкурси за правни лица или на опцијата Годишни конкурси за физички лица.
5.  Откако ќе одберете дали ќе аплицирате како физичко или како правно лице, системот ги листа сите годишни конкурси по дејности и области. На листата со конкурсите одберете го соодветниот конкурс на кој ќе аплицирате, но не стискајте на копчето АПЛИЦИРАЈ, туку отворето го линкот од конкурсот на кој ќе аплицирате. Од левата страна ќе се појави Мени каде што е потребно е да ја одберете точката 5 – Повеќе информации, потоа одберете Детален опис на услугата каде што детално ќе може да се информирате за содржината на конкурсот на кој ќе аплицирате.
6. Откако детално ќе се информирате за содржината на конкурсите, пристиснете го копчето АПЛИЦИРАЈ (поставено во десниот агол со сина боја).

  1. Најпрвин ќе биде потребно да го одберете јазикот, а потоа и Видот на проектот. Внимателно одберете го видот на проектот затоа што за секој вид проект постојат различни посебни услови кои подразбираат и различни задолжителни документи (докази) што треба да ги прикачите понатаму во текот на аплицирањето.
  2. По направениот избор на Видот на проектот, системот ве води кон пополнување на апликацијата. Задолжително пополнете ги потребните полиња од апликацијата во согласност со вашиот вид на проект. По целосното пополнување на апликацијата, потребно е да стиснете ПОДНЕСИ. Доколку системот не ви овозможува да одите понатаму, тоа значи дека имате пропусти во пополнувањето на апликацијата кои се наведени на крајот на апликацијата со црвено.
  3. Потоа ви се појавува целосната пријава за Годишниот конкурс како генериран ПДФ-документ со внесените податоци. По проверката на внесените податоци стиснете Потврди по што системот ве носи на следниот чекор, ПРИКАЧУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ, кој подразбира прикачување на поединечни документи со кои се докажува исполнувањето на општите и на посебните услови (за соодветниот претходно избран проект).  
  4. Откако ќе ги прикачите документите, притиснете Поднеси документи.
  5. Доказ за успешно поднесена апликација на Националниот портал (на Конкурсот) е добивањето известување со УП-број на вашата апликација во полето Известување во вашиот кориснички профил (пристиснете ја иконата со ѕвонче), со што процесот на вашето аплицирање е успешно завршен.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе