Од денеска во Дојран започнува овогодинешното, четиринаесетто издание на „Д Фестивал“, најголемиот и најомилен летен фестивал во државата. Тродневна прослава на преку музика, филм, театар…претставено на неколку бини и фестивалски камп, а посетено од 15 000 посетители и настап на реномирани артисти од домашната и светска музичка сцена.
Најавена 72 часовна забава со преку 50 артисти и повеќе од 30 активности во камп зоната. Дел од активностите во кампот се гледање на Европско првенство, стенд ап, кајакарење,играње на друштвени игри, филмови, шишање, тетовирање, јога, дебати…