Визуелниот уметник Стефан Анчевски со изложба во Куманово

од admin_kult

Вечерва во 19:30 ч., во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ -Куманово ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски. Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби, учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово. Во 2014 г. и 2023 г. добитник е на прва награда „TrashForArt“ и прва награда „Let’s bring justice closer to citizens“ во 2023 г. – COE – Национална галерија Мала Станица – Скопје.

Во најавата за исложбата се вели дека, Анчевски има тенденција да ги перципира елементите како подвижни линии, кои укажуваат на патеката по која се создаваат исклучителни оптички трикови – илузии.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе