Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска која е во работна посета на Белград, на покана на потпретседателката на Владата на Србија и министерка за култура, Маја Гојковиќ, денеска ги посети Музејот на современа уметност во Белград и Домот на културата „Силоси“.
Посетата е дел од соработката на Иницијативата Отворен Балкан, и турнејата по повод 100 годишнината на Белградска филхармонија под диригентсво на Зубин Мехта, во Белград, Тирана и Скопје.
Во прилог е видеоизјавата од министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.