В среда, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи својот велигденски концерт насловен „Per Aspera ad Astra“ (Низ трње до ѕвездите). На концертот за првпат ќе биде изведена „Голема миса“ во це-мол, вокално-инструментално ремек-дело на Волфганг Амадеус Моцарт.
Диригентка е Ребека Тонг од Индонезија, а како солисти ќе настапат сопранистките Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, тенорот Благој Нацоски и басот Игор Дурловски. Настапува и хорот „Едикт“ од Ниш.