Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со Британска вечер, со концерт на пијанистот, маестро Бери Даглас.
Концертот е со почеток во 21:00 часот на сцената на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.
На програмата се дела од Шуберт, Чајковски, Мусоргски.
Британската вечер се одржува со поддршка од Амбасадата на Велика Британија во Македонија.