Директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, во име на својата институција, прими благодарница од Филозофскиот факултет во Загреб за успешната соработка и поддршка во проучувањето и учењето на македонскиот јазик, книжевност и култура во интерес на јакнење на културната дипломатија со цел меѓусебно разбирање и доверба.
Повод за свечениот настан, што се одржа во големата сала на Универзитетот во Загреб, беше одбележувањето на 150-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб.