Актерите од НУ Народен театар – Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов, вечер на сцената на Градскиот театар во Рума, Србија, во рамките на меѓународниот театарски фестивал, ќе ја изведат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.
Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери, во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од домаќинот Србија.
Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или, како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.