Битола подготвена за 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама

од admin_kult

На вчерашната прес-конференција во Центарот за култура во Битола, беше најавено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, што ќе се одржи од 17 до 23 мај. Фестивалот продолжува да ја афирмира индивидуалната актерска изведба и да го поврзува македонскиот театар со меѓународната сцена.

Во официјалната програма ќе бидат изведени 10 монодрами од 9 држави: Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, Киргистан, Грузија, САД, Романија и Бугарија. Отворањето и затворањето ќе се одржат во Народниот театар Битола, а другите претстави во салите на Центарот за култура.

На отворањето ќе биде изведена претставата „Д (Како Дездемона)“ во режија и кореографија на Рисима Рисимкин, а фестивалот ќе заврши со монодрамата „Куфер.мк“ на актерката Соња Михајлова, годинашна добитничка на наградата за животно дело од фестивалот „Војдан Чернодрински“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе