Во Градскиот музеј во Крива Паланка вечер во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Бесконечност“ (Infinity) од реномираната македонска уметница Ирена Паскали. Таа ќе се претстави со мултимедијален проект – инсталација во простор, видео и фотографија. Куратор на изложбата е Ѓорѓи Костовски, историчар на уметноста.
Ирена Паскали живее и работи во Келн, Германија. Има реализирано многубројни самостојни изложби и учествувала на многубројни меѓународни групни претставувања. Работи во повеќе уметнички медиуми, како видео, фотографија, цртеж и експериментален филм.
Иложбата „Бесконечност“ се организира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – град на културата за 2024“.