„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Македонската филхармонија за настраданите од Кочани

од admin_kult

Концертот „Без зборови“ на оркестарот на Македонската филхармонија, што ќе се одржи в четврток (27.3.2025 г.) со почеток во 20:00 часот, ќе биде хуманитарен, а средствата од продадените билети ќе бидат донирани во Фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

На програмата се: Адаџо за гудачки оркестар, оп. 11 од Семјуел Барбер, Концертот за тромбон и оркестар од Анри Томази и Концертот за оркестар од Бела Барток. Како солист ќе настапи Џовани Скарпета од Колумбија, а како диригент за првпат пред оркестарот на Македонската филхармонија ќе застане маестро Габор Холерунг од Унгарија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе