” БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ЛИЦЕНАЦА ЗА ВРШЕЊЕ ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ” 

од admin_kult
Logo

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА И ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ

Министерството за култура и туризам ги известува јавноста и сите заинтересирани страни дека се донесени и објавени во „ Службен весник на Република Северна Македонија” бр.82/25:

  • Правилникот за формата и содржината на образецот на лиценцата тип А и тип Б за вршење туристичка дејност, и
  • Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот на туристички агенции.

Врз основа на донесените правилници, Министерството ги информира сите заинтересирани страни дека може да се започне со поднесување барања за издавање решение за лиценца за вршење туристичка дејност.Барањето се поднесува преку архивата на МКТ, од страна на барателот.                                                                                             

1.Барањето мора да ги содржи следните основни податоци:

– Име на фирмата, седиштето на барателот и видот на лиценцата што се бара

Општи податоци за барателот:

–   улица  –   телефон  –   е-пошта   – општина – место -својство на барателот (сопственик,управител,овластено лице)

                                                                                                                                                                             

2.Причини за поднесување на барањето  

– Добивање на лиценца А или Б за вршење туристичка дејност (наведи А или Б)                          

– Објектот во кој се врши дејноста:улица,под кој назив е трговското друштво

3.Задолжтелни документи кои треба да бидат приложени кон барањето:     

– Решение за упис во трговскиот регистар и Документ(потврда) за регистрирана дејност(ДРД образец)                      – Известување за исполнување на условите за вршење туристичка дејност(готов формулар кој го пополнува и заверува барателот)                                                                                                                                

 -Податоци за одговорното лице и                                                                                                                                    

-Доказ дека склучил годишен договор за осигурување од одговорност за вршење на дејноста, доколку е предвидено со овој закон.                                                                                                                                                   

  -Кон барањето задолжотелно се доставува:                                                                                                          

– Доказ за платена административна такса од 350,00 денари    

4.Услови за давање на лиценца “А”, “Б”

4.1 За добивање лиценца “А” туристичката агенција – организатор на патување мора да ги исполнува следниве услови:

1) да склучи годишен договор со осигурително друштво за осигурување за одговорност од вршење на дејноста во износ од 100.000 евра во денарска противвредност или да обезбеди банкарска гаранција во износ од 100.000 евра;

2) лицето кое раководи со туристичката агенција треба да има сертификат за раководење со туристичката агенција;

3) да има најмалку четири вработени лица, од кои најмалку едно лице со високо обрaзование и две лица со доказ дека познаваат еден од светските јазици и

4) да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата или странство за најмалку десет лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.

4.2 За добивање лиценца “Б” туристичката агенција – посредник во продажба на туристичко патување, мора да ги исполнува следниве услови:

1) да има најмалку едно вработено лице, со доказ дека познава еден од светските јазици и

2) да има склучено договор за соработка со туристичка агенција – организатор на патување со лиценца “А”.

Се напоменува:

  • Подносителот на барањето целокупната документација што како копија ја поднесува, задолжително да ја завери со печат од фирмата и потпис на одговорно лице.

Дополнителни информации,  можат да се добијат на веб-страницата на Министерството или директно во архивата на Министерството за култура и туризам.

Министерството останува отворено за соработка и поддршка на сите заинтересирани субјекти во постапката за лиценцирање.

Уплатите треба да бидат извршени во корист на Буџетот на Република Северна Македонија со налог за уплата на јавни приходи (Образец ПП 50), кој треба да биде пополнет на следниот начин:

  • во полето “назив на примач” потребно е да биде впишано –    Трезорска сметка;
  • во полето “банка на примач” потребно е да биде впишано – Народна Банка на Република Северна Македонија;
  • во полето “сметка” потребно е да биде впишано – 100000000063095;
  • во полето “уплатна сметка” потребно е да биде впишано – 840 (бр.на општина каде се уплатува) 03161 ;
  • во полето “приходна шифра” потребно е да биде впишано – 722313;
  • во полето “програма” потребно е да биде впишано – 00.

Во полињата наменети за ознака на општина потребно е да се наведе ознаката на општината согласно Списокот на општини со ознаки во Републик Северна Македонија, кој е составен дел на Упатството за начинот на евидентирање, распоредување, поврат и пренасочување на јавните приходи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 188/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/21) .

Наплата на административна такса за  издавање на лиценца на туристичка агенција

Уплата од – 350 денари на

Трезорска сметка с/ка 100000000063095

Банка на примачот – Народна банка на Република Македонија

Уплатна с/ка – 840 (бр.на општина каде се уплатува) 03161

Приходна шифра и програма 722 313 00

Цел на дознака – Уплата на административна такса за издадена лиценца за туристичка агенција

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе