На сцената на Националната опера и балет денеска (21 февруари) со почеток во 19:00 часот ќе биде изведена една од најпопуларните и најгледани балетски претстави за деца, „Петар Пан“, во продукција на НОБ.
Кореографијата е на Џејмс Амар од Франција, а сценографијата и костимите се на Зоран Костовски и Марија Пупучевска. Во претставата настапуваат солистите и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Приказната за ‘момчето што не сака да порасне’ е една од најпопуларните детски приказни. „Петар Пан“, лик што го создаде шкотскиот писател и драматург Џ. М. Бери, ќе ги воодушеви малите и големите со својата авантуристичка приказна, во која главниот херој живее на волшебниот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубени момчиња“ заедно со сирени, самовили и пирати.