Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.
Во рамките на Фестивалот, во три блока ќе бидат прикажани 7 кратки играни филмови, кратки документарни филмови и анимирани филмови.
Лауреат на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“, за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин. Во чест на овогодишниот лауреат, предвидена е проекција на филмот, „Журнал за Желимир Жилник“ од Јанко Баљак.
За затворањето на Фестивалот, премиерно ќе биде прикажан најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (снимател и монтажер).
Стручното официјално жири е составено од: Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов.
Сите вечерни проекции започнуваат од 20:30 часот во летниот амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.