На летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар, вечер (2 октомври) со почеток во 21:00 часот концерт ќе одржи македонската култна рок-група „Архангел“.
Концертот насловен „Македонски подобро звучи – Едиција 4“ е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Македонскиот народен театар и со него свечено ќе биде затворено првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски“.
Билетите се достапни како и секогаш во онлајн продажба преку веб-страницата на МНТ, www.mnt.mk, како и на билетарницата, секој работен ден од 12:00 часот.