Ансамблот „Македонија“, кој е претставник на македонската традиционална култура, годинава одбележува една деценија од своето постоење.
По повод овој значаен јубилеј, во тек е реализацијата на проектот „10 години Ансамбл Македонија“, во чии рамки досега беа одржани целовечерни концерти во Скопје, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и во Битола. На фестивалот „Илинденски денови“ во Битола беше реализиран и мултимедијален проект за градска култура на кој беше прикажана традиционалната култура од повеќе градски центри во државава.
Проектот „10 години Ансамбл Македонија“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.