Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, вечер од 20:30 часот во Сули ан, концерт со наслов „Американска приказна“ ќе одржи оркестарот при Институтот „ФАМЕ’С“, на кој солистка ќе биде американската виолинистка со романско потекло Ирина Мурешану. Ќе бидат изведени популарни класични дела од американски композитори под водство на диригентот Скот Флавин од САД.
Како што најави организаторот на фестивалот, Дирекцијата за култура и уметност – Скопје (ДКУС), меѓу делата што ќе бидат изведени на концертот се и „West Side Story“ од Бернштајн, во верзија за виолина и оркестар, и „Appalachian Spring“ од Копланд, како и популарни композиции од Скот Џоплин и Хенри Манцини.