Амбасадата на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи меѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20:00 часот во Камерната сала на Филхармонијата.
На концертот ќе настапат македонските реномирани уметници – пијанистот Дино Имери и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска.
На програмата се дела од македонски и од шпански композитори: Томислав Зографски, Вања Ѓумар Николовски, Дијана Имери Илкоска, Дамир Имери, Мануел де Фаља, Фредерик Момпу и Исак Албенис. Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера, наведуваат од Амбасадата на Шпанија во Скопје.