Јубилејно 10. издание на „Виолин фест“

од admin_kult

Во Камерната сала на Филхaрмонијата, утре (12 јуни) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи јубилејното 10. издание на „Виолин фест“, фестивал што ги слави виолината како инструмент и младите таленти.

На фестивалот ќе настапат ученици од музичките училишта од земјава, како и  од Србија и од Кралскиот колеџ од Лондон.

Во придружба на Марија Вршкова на пијано, младите виолинисти ќе изведат дела од Крајслер, Паганини, Шуплевски, Зографски, Сарасате и други.

Истовремено, „Виолин фест“ го одбележува јубилејот 90 години од раѓањето на македонските композитори Драган Шуплевски и Томислав Зографски.

Организатор и уметнички раководител на „Виолин фест“ е еминентниот виолинист и концерт-мајстор на Националната филхармонија, Владимир Костов, кој посочи дека намерата е на едно место да се презентира талентот на младите виолинисти од земјава, без разлика на нивната возраст.

„Виолин фест“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе