Јануари во Кинотеката со анимирани филмови и тинејџерски драми

од admin_kult

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да гледаат неколку интересни наслови.

За најмладите гледачи од 13 јануари 2022 година ќе се прикажат популарните анимирани филмови „Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Каламити Џејн“ и „Патешествието на принцот“ на пладневните проекции во Кинотеката. Со Биби и Боби младите гледачи ќе може да се дружат и во попладневните проекции.

Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција. Тоа се францускиот игран филм „Антоанета во Севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и „Стаклено момче“. За нив се резервирани вечерните проекции од 19:00 часот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе