Школа со практична настава и конзерваторски активности во Стоби

од admin_kult

На археолошкиот локалитет „Стоби“, под водство на Томе Филов, конзерватор реставратор за мозаик, во тек е  школа со практична настава и конзерваторски активности на подните мозаици во Епископската резиденција во Стоби во рамки на превентивните конзерваторски интервенции што се предвидени за мозаичките фрагменти.

Претходно Филов и д-р Мишко Тутковски, виш документатор, двајцата вработени во НУ Стоби, преку своите предавања ги запознаа учесниците на школата со историјата на археолошките ископувања во Стоби, како и со реализираните проекти од областа на заштитата на културното наследство.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе