На 13 февруари Друштвото на писателите на Македонија одбележува јубилејни 75 години постоење.
Во рамките на свечените активности, Претседателството на ДПМ одлучи да покани во асоцијацијата неколкумина истакнати книжевни творци чии дела веќе доживеале рецепција и валоризација и во домашната и во странски средини. Станува збор за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и веќе се здобиле со сериозна писателска репутација. Поканата за членство во ДПМ во оваа пригода ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена Бужаровска, Елизабета Баковска, Јовица Ивановски, Снежана Младеновска-Анѓелков и Никола Маџиров.
Од ДПМ велат дека се радуваат и го поздравуваат нивното зачленување и очекуваат нивната понатамошна активност да донесе дополнителен квалитет и креативна разнообразност во дејствувањето на асоцијацијата.