Од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.
Земја во фокусот на 6. издание на Фестивалот ќе биде Турција, а гости ќе бидат тројца илустратори и една авторка на книги за деца. Во рамките на „Литера“ ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонски издавачи ќе ги претстават своите најнови изданија, а ќе организираат и средби со автори и промотивни настани.
„Литера“, како единствен меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца во регионот, секоја година го претставува најдоброто од книжевноста и уметноста за деца, креирајќи простор за оригинален концепциски израз.