Од 10 до 15 август во Кинотека започнуваат Деновите на шведскиот филм, а публиката ќе може да проследи проекции на 5 шведски документарни филмови.
Шведскиот квир филм „Предрасуди и гордост“ ќе биде прикажан утре, четврток 10 август, со почеток во 20 часот, додека филмот „Историја – конци за сами“ ќе биде прикажан на 11 август, петок, во 20 часот. Во сабота, на 12 август, во 20 часот ќе се одржи проекција на „Децата на непријателот“, а филмот „Една приказна за хорот Тенста“ ќе биде прикажан во понеделник, 14 август, со почеток во 20 часот.
Програмата со фокус на шведскиот документарен фил ќе заврши на 15 август, вторник, со прикажувањето на филмот „Сабаја“ во 20 часот.