Четврт меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје

од admin_kult

Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје во вторник (26 ноември) од 10 часот во едукативниот културен центар „Лабораториум“ го организира Четвртиот меѓународен форум за креативни индустрии: Иновативноста и креативноста како капитал во креативната економија.

Форумот има цел да ја истакне улогата на културата и креативноста како поттикнувачи на креативната економија, како и да ги анализира можностите што ги нудат иновациите и дигиталната трансформација.

Настанот ќе собере повеќе од 30 гости, различни засегнати страни, вклучувајќи претприемачи, иноватори, лидери во креативните индустрии, професори, граѓански организации, како и претставници од владини институции и меѓународни партнери.

Денеска, пак, (25 ноември) во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе се одржи консултативна средба со претставници од секторот во соработка со Британскиот совет. Ќе бидат споделени увиди од експерти од Велика Британија, трендови и добри практики во однос на нивната креативна економија, по што ќе следува фокусирана дискусија за издвојување 10 приоритети за овој сектор во Македонија.

Настанот е поддржан од УНЕСКО преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија чија цел е да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социоекономско влијание, Министерството за култура и туризам, Британскиот совет, а во соработка со иницијативата „Србија создава“ и КЕА Брисел.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе