„Борба. Не војна!“ е мотото под кое синоќа во МКЦ започна четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржува до 1 јуни на неколку локации во Скопје – Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и кафе-книжарницата „Буква“.
Гостуваат поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети.
Како што соопшти организаторот, во рамките на програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа.