Чествување на македонскиот јазик во Музејот на романската литература во Букурешт

од admin_kult

Во Музејот на романската литература во Букурешт, Романија, денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик. На иницијатива од Амбасадата на РС Македонија во Романија, лекторката по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Букурешт, Елена Ѓорѓиовска, и филологот по романски јазик и книжевност, Теа Теохаревска-Иванова, во фокусот на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик ќе биде стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

На настанот ќе учествуваат студентите од Лекторатот по македонски јазик во Букурешт, кои за првпат ќе читаат и нови препеви на поезијата од Ацо Шопов на романски јазик што тие ги направиле. Ќе биде прочитана и поезија од други македонски и романски поетеси и поети на македонски, на романски и на англиски јазик.

Во рамките на настанот ќе биде реализирана и дегустација на македонски вина и сирења во организација на „Слоу фуд Македонија“ и прикажување филм за Скопје во продукција на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе