Целовечерен концерт на Ансамблот „Танец“ во Струга

од admin_kult

Ансамблот „Танец“ вечер ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во рамките на проектот „Танец низ татковината“.

Публиката во Центарот за култура во Струга ќе може да ужива во неколку раскошни кореографски постановки во изведба на целиот Ансамбл, како: антологиската „Жетварка“, „Водарки“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Радовишки собор“, изворното оро „Копачка“, но и повеќе вокално-инструментални точки изведени од оркестарот, хорот и солистите на „Танец“, соопшти установата.

„Танец низ татковината“ е долгогодишен проект на НУ „Танец“, кој претставува циклус концерти во центрите за култура низ земјава. Во последниве неколку години Ансамблот имаше свои успешни претставувања во речиси сите градови во земјава.

Ансамблот „Танец“, кој следната година ќе наврши 75 години од своето постоење, е симбол на македонската култура и уметност и врвен репрезент на нашата духовност.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе