Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона „80 години – Љубов!“.
На концертот „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена и Сонатата бр. 1 за кларинет и симфониски оркестар од Јоханес Брамс во аранжман на Лучано Берио.