Денеска (6 јуни), со почеток во 20:00 часот, Филхармонијата ќе го одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и од Битола.
На програмата се инспиративни и комплексни дела од Бах, Дитерсдорф, Меркаданте, Сен-Санс, Кабалевски, Фон Вебер, Шуберт, Моцарт, Верди и Шостакович.
„Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух, и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници“, истакнуваат од Филхармонијата.