Уметницата Марија Павловска, добитничка на меѓународната награда „Донатело“ на Фондацијата „Ефето арте“

од admin_kult

Македонската уметница Марија Павловска, е добитничка на меѓународната награда „Донатело“ на Фондацијата „Fondazione Effetto Arte“ од Италија. Ова престижно признание, ѝ е доделено во палатата Боргезе во Фиренца во присуство на колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста..

Павловска е избрана од кураторите Салваторе и Франческо Саверио Русо – Фондазионе Ефето Арте и од уметничкиот директор Сандро Серадифалко.

Во својата дваесетгодишна кариера, Павловска има реализирано повеќе од 30  самостојни и 100 групни изложби во земјава и во странство, а добитник е и на бројни меѓународни награди.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе