Турскиот театар ќе ја изведе претставата „Човек перница“

од admin_kult

Турскиот театар вечер ќе ја изведе претставата „Човек перница“ од  Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу.

Драматургијата е на Сибел Абдиу, продуцент е Слободан Трајкоски, сценограф е Ујза Жури, а костимите ги изработи Диелза Минци.

Улогите ги толкуваат: Хакан Даци, Дин Ибрахим, Бурак Рахман и Јеткин Сезаир.

– „Човек перница“ е претстава која буквално манипулира со емоциите на публиката, преку трагични и комични дијалози, а се занимава со многу длабоки и кревки теми вклучувајќи злоупотреба, насилство, морална одговорност и политичка критика. Покрај тоа, ова дело е и критичка анализа за слободата на говорот, како и за злоупотребата и детските трауми како фактор во девијацијата на народите, почнувајќи од микрочовечкото општество, односно семејството – вели Сибел Абдиу, режисер на оваа претстава.

Од НУ Турски театар информираат дека приходите од билетите за претставата ќе бидат донирани за населението погодено  од разорниот земјотрес во Турција.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе