Традиционален гала оперски концерт во НОБ по повод празникот Василица

од admin_kult

На 12 и 13  јануари со почеток во 20:00 часот во Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод верскиот празник Василица.

– Под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев, ќе настапат нашите врвни оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова – известуваат од НОБ.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В. А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе