Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп одбележа 73 години од формирањето. Годишнината беше одбележана со изведбата на претставата „Декамерон“ според Бокачо, во режија на Мартин Кочовски.
Во претставата играаАлександар Степанулески, Наташа Ачански, Здравко Стојмиров, Илија Волчески, Димитар Ѓорѓиевски, Марија С. Илијеска и други.
– На сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“ досега се прикажани околу 370 премиери, изиграни се над 7000 претстави, кои ги гледале над 1,7 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави во 73-годишното постоење се „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, и „Од кол на кол“ исто така во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати – информираа од Прилепскиот театар.