Под мотото „Голема брзина на стоењето“, денеска и утре, со почеток во 18:30 часот, на улица „Македонија“ во Скопје ќе се одржи седмото издание на уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“.
Целта на годинашниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да се каже „стоп“ на синдромот на брзо живеење.
Артистите кои ќе настапуваат на годинашниот фестивал се од продукцијата „Театроск“, организатор на фестивалот, што е поддржан од Министерството за култура.