Средби на заменик-министерот за култура Лучи со македонски иселеници во Измир и во Маниса

од admin_kult

Заменик-министерот Даим Лучи деновиве престојува во посета на Република Турција каде што како член на владината делегација присуствуваше на отворањето на манифестацијата  „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“.

Во рамките на посетата, Лучи оствари  средби со нашите иселеници во Измир и во Маниса, општини Каршијака и Јунус Емре.

За време на средбите, заменик-министерот Даим Лучи изрази благодарност за придонесот на нашите иселеници во унапредувањето на релациите меѓу двете земји како на државно така и на локално ниво.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе