Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.
На средбата беа потенцирани традиционално добрите културни врски меѓу двете земји и досегашната успешна културна соработка меѓу Министерството за култура и Амбасадата на САД, особено во делот на заштитата на културното наследство.
Во тој контекст амбасадорката на САД, изрази подготвеност за продолжување на соработката во заштитата на значајните културни споменици во земјава, а го поздрави и долгогодишното функционирање на американските катчиња во Скопје, Битола, Штип, Струга и во Тетово. Брнз го потенцираше и задоволството од напредокот во дијалогот за соработката меѓу Северна Македонија и Република Бугарија што е отворен во неколку работни групи, а се осврна и на значењето на Преспанскиот договор за соработката со Република Грција , особено во делот на културата.
Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност за поддршката, и изрази уверување дека македонско-американското партнерство ќе продолжи и во иднина во полза на културата и нејзините вредности.