Во салата на Филхармонијата во Скопjе, во саботата, се одржа концерт на Софиската филхармонија под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој е и актуелен министер за култура на Бугарија. Солист на концертот „Новата класика“ беше обоистот Владимир Лазаревски.
На концертот, на кој присуствуваше и заменик-министерот за култура Даим Лучи, пред публиката беа претставени дела од: Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс.
Инаку, Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите: „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.
Концертот беше организиран во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.