„Скутина, фута, бовча, диљка“– изложба во Музејот на Северна Македонија

од admin_kult

Во Музејот на Северна Македонија е претставен новиот проект од традиционалната култура на уметникот Бојан Петковски, со наслов „Скутина, фута, бовча, диљка“.

Во фокусот на изложбата се скутините и нивната богата орнаментика како составен дел од народните носии карактеристични за одредени предели. Изложените предмети, кои се дел од приватната збирка на уметникот, претставуваат  кохезија меѓу носиите од вредното народно творешто на македонскиот народ и црно-белите фотографии.

Изложбата „Скутина, фута, бовча, диљка“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе