Во Музејот на Северна Македонија е претставен новиот проект од традиционалната култура на уметникот Бојан Петковски, со наслов „Скутина, фута, бовча, диљка“.
Во фокусот на изложбата се скутините и нивната богата орнаментика како составен дел од народните носии карактеристични за одредени предели. Изложените предмети, кои се дел од приватната збирка на уметникот, претставуваат кохезија меѓу носиите од вредното народно творешто на македонскиот народ и црно-белите фотографии.
Изложбата „Скутина, фута, бовча, диљка“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.