„Сите прекрасни нешта“ – нова претстава на штипскиот Народен театар

од admin_kult

„Сите прекрасни нешта“ е насловот на новата претстава на анасамблот на Народниот театар – Штип,  која премиерно ќе биде изведена денеска, 11 јуни, во 20:00 часот на сцената на Театарот.

Претставата „Сите прекрасни нешта“ (според Данкан Мекмилан), работена по текст на Ана Ристоска Трпеноска, е во режија на Нела Витошевиќ.

Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Стефанија Митовска, Марија Менчева Андонов, Милорад Ангелов, Ангела Нашкова, Дарјан Петров, Ава Хусеини, Јована Гркова, Максим Нисев. Сценографијата е на Васил Христов.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип, Горан Трајков, изјави дека честа е огромна што токму млади таленти и музичари ќе бидат дел од еден ваков професионален проект.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе