Самостојна изложба на Мице Јанкуловски во Букурешт

од admin_kult

Во галеријата „Галатека“ во Букурешт,  Романија, вечер ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Мице Јанкуловски со наслов „Над црното“. 

Куратори на изложбата се Анка Боериу од Романија, универзитетски професор на Националната академија за уметност во Букурешт, и Корнелија Конеска од Северна Македонија.

Јанкуловски, со изложбата „Над црното“, во „Галатека“ се претставува со полиптихот „Круговите на Леонардо II“ и сегмент од три дела од полиптихот „Ноќите на Тоскана“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе