Резултати од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година

од admin_kult

Во согласност со член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура денеска, четврток (8.2.2024 г.) на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година траеја од 3 октомври до 8 ноември.

Аплицирањето се одвиваше електронски преку националната платформа „е-услуги“, а рокот беше продолжен за два дена.

Во системот се евидентирани 3132 пријави поднесени од: физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Критериумите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.

Вреднувањето на проектите и на програмите беше извршено од страна на комисии составени од стручни и компетентни лица во конкретната област, со почитување на принципите на соодветна и правична застапеност и непостоењето на судир на интереси.

Во фокусот на работата на комисиите беа принципите: поддршка на квалитетот, поддршка на младите уметници, поддршка на креативните и иновативните изрази, поддршка на проектите со традиционален и докажан квалитет и со реноме, запазување на принципот на застапеност – од родова до етничка.

Објавените резултати од конкурсите содржат информации за: носителот на проектот, наслов на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

Министерството за култура ги објавува и резултатите за проектите што ги доставија директорите на националните установи на Повикот за националните установи од областа на културата, кој беше објавен во јуни 2023 година, а кои ќе бидат дел од годишните програми за работа на овие установи.

За проектите што се избрани, односно одбиени, односно отфрлени на Годишните конкурси, подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. За секој поднесен проект, корисникот ќе биде известен по електронски пат. Субјектите чии проекти се избрани на Годишните конкурси, по добивањето на решенијата, ќе склучат договор за финансирање проект од национален интерес во културата со Министерството за култура во согласност со Законот за културата.

Во согласност со член 65 став (5) од Законот за културата, против решението може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Жалбата не го одлага извршувањето.

За проектите што ќе бидат содржани во годишните програми за работа на националните установи, министерот за култура ќе склучи договори со директорите на националните установи од областа на културата.

Во согласност со Законот за културата, проектите избрани на Годишните конкурси за 2024 година и проектите содржани во годишните програми за работа на националните установи треба да се реализираат до крајот на тековната година.

Комисиите кои ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се на следниот линк:

БИБЛИОТЕЧНА  ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

ДРАМСКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

Фестивали од НУ

ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН

Национални установи

Други корисници

ЗАШТИТА НА НЕДВИЖНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И АУДИОВИЗУЕЛНИ ДОБРА

Национални установи

Други корисници

Заштита на аудиовизуелни добра

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНИ ПРОЕКТИ

Интердисциплинарни проекти

ЛИТЕРАТУРА И ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

Манифестации

МЕЃУНАРОДНА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

МУЗИЧКА И МУЗИЧКО-СЦЕНСКА ДЕЈНОСТ

Национални установи

Други корисници

Музички манифестации и фестивали

ФОЛКЛОР

Национални установи

Други корисници

Фолклорни манифестации и фестивали

ЕВРОПСКИ ИНТЕГРАЦИИ

Национални установи

КРЕАТИВНИ ИНДУСТРИИ

Други  корисници

ИНВЕСТИЦИИ

Национални установи

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе